дома Свет Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил...

Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

2
Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

  Човекот уапсен по денешниот напад на божиќниот пазар во Магдебург претходно не бил на радарот на органите на редот како познат исламист, велат безбедносни извори за германската новинска агенција ДПА.

Според првичните сознанија, мажот е на возраст од околу 50 години и е од Саудиска Арабија.

Автомобил влета во божиќниот пазар во близина на градското собрание вечерва, при што според властите загина најмалку едно лице, а повредени се повеќе од 20 други.

 

Дел од локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е поголем, стравувајќи дека станува збор за 11 мртви и над 60 повредени.

Болницата во Магдебург соопшти дека е ставен во режим на настан за масовен број жртви и дека првите 20 лице веќе медицински се третираат. ссм/

ПредходнаАлбанските, косовските и македонските иселеници двојно ја зголемија фреквенцијата на пристаништето Драч
СледнаМНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин