дома Спорт Почна пријавувањето за „HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ“

Почна пријавувањето за „HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ“

2

Почна пријавувањето за „HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ“

  Пријавувањето за уличната трка „HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ“ почна денес и тоа може да се направи преку сајтот на „HalkEco СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ“, односно на следниот линк https://www.skopje.run/.

Трката ќе се одржи на 11 мај, 2025 година со почеток во 9 часот.

Првиот рок за пријавување завршува на 20.02.2025 (стандардниот пакет на котизација за учество изнесува 1000 денари).

– Сите љубители на трчањето ќе имаат шанса сè до 30.04.2025 (во 23:59 часот) или до пополнување на предвидениот број учесници, да се пријават. При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона. На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Таргет времињата се следни: зона 1 – таргет време под 45:00, зона 2 – таргет време од 45:01 до 50:00, зона 3 – таргет време од 50:01 до 55:00, зона 4 – таргет време од 55:01 до 1:00:00 и зона 5 – таргет време над 1:00:01, соопштија организаторите на трката – Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани пред фонтаната „Лотус“, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот „Илинден“ и дел од булеварот „Партизански одреди“.

Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката. Должина на патеката е 10.000 метри, која се трча во еден круг со старт и цел на исто место.

Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката. 

ПредходнаПешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер
СледнаТрадиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно