дома Свет Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од...

Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години

6
Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години

  Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години во исто време гласале 38,82 отсто од гласачите или 1.343.000.

На претседателските избори во 2010 година до 16 часот на гласање излегле 36,36 отсто од запишаните избирачи.

ДИК наведе дека највисокиот одѕив во окрузите Вараждин и Меѓумурје бил над 40 проценти, а најмал во Вуковарско-сремската жупанија со околу 28 проценти.

Ова се трети избори во Хрватска годинава, претходно беа одржани парламентарни и избори за пратеници во Европскиот парламент.

Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот, кога завршува изборниот молк. Потоа ќе бидат објавени првите резултати од излезните анкети, а ДИК ќе почне со објавување на првите резултати од 20 часот.

ПредходнаСветот во 2024: Срамот треба да го чувствува другата страна
СледнаПостапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила