дома Општество Ивановска: Страшно е што Христовски за да добие безбедносен сертификат, бил проверуван...

Ивановска: Страшно е што Христовски за да добие безбедносен сертификат, бил проверуван од негови подредени

6

Осврнувајќи се на поставувањето на Бојан Христовски за шеф на Агенцијата за национална безбедност, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска наведе многу спорни моменти при назначувањето.

„Еве на пример да го земеме сертификатот за англиски јазик, беше образложено дека тој е валиден се додека не се докаже спротивното, а спротивното е веќе докажано, односно ние имаме веќе две судски пресуди, каде што две директорки се осудени заради тој сертификат од истото јазично студио. Наместо Антикорупциска да излезе со предлог дека сите тие што донеле сертификати од тоа јазично студио, да подлежат на санкции, тие велат тој е валиден, тоа е нон сенс“ вели таа.

Ивановска смета дека далеку пострашно е што Ивановски прво немал, а потоа експресно добил безбедносен сертификат за само 10 дена.

„Во однос на безбедносниот сертификатот не смее да се постави директор ако нема безбедносен сертификат а второ што е уште пострашно во случајот негови подредени треба да го проверуваат за да му дадат безбедносен сертификат за државна тајна. Неговите подредени во моментов не може да му кажат не. Не знам дека некој таков случај кој добил за 10 дена безбедносен сертификат. За тоа е најмалку потребно половина година“ заклучи Ивановска.

Ивановска: За ист сертификат од исто јазично студио како она на Христовски, веќе има осудено две директорки

Екс претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во дневникот на Сител вели дека има многу пропусти во назначувањето на директорот на АНБ Бојан Христовски.

Таа смета дека низа на пропусти се направени и од страна на актуелниот состав на ДКСК која постапува по овој предмет, особено членката Цвета Ристовска.

„Еве на пример да го земеме сертификатот за англиски јазик, беше образложено дека тој е валиден се додека не се докаже спротивното, а спротивното е веќе докажано, односно ние имаме веќе две судски пресуди, каде што две директорки се осудени заради тој сертификат од истото јазично студио. Наместо Антокорупциска да излезе со предлог дека сите тие што донеле сертификати од тоа јазично студио, да подлежат на санкции, тие велат тој е валиден, тоа е нон сенс“ вели таа.

Во однос на постапувањето на Ристовска, Ивановска порача дека таа доколку имала малку етичност, требала да си поднесе оставка од ДКСК.

„Од тој предмет, Ристовска требало да биде изземена. Дури и ако паднал кај нејзе тој предмет, требало веднаш да се изземе затоа што имала деловни односи со Факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не е паричен надомест и штом таа веќе имала деловен однос со Факултетот, тоа веќе претставува ризик за непристрасно одлучување, што на крајот фактички и се покажа и ова пиши-бриши на нејзиното име од сајтот на факултетот беше крајно несериозна постапка што во краен случај ја повредува интелигенцијата на граѓаните. Дури и одговорите што ги понуди во реферирањето, не беа целосно образложени, ниту пак целосно транспарентни“ вели Ивановска.

ПредходнаРеакција од ДУИ на изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
СледнаВојнеска Зикова за МИА: Атлетиката е основа за развој на националниот спорт