Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека е приведено службено лице поради истекување информации за акцијата против криминалната група „Беланоца-Барон“. Истекот на информации ја компромитираше акцијата, која беше насочена кон група осомничени за осум убиства и други кривични дела.
Ќерим Буши осомничен за оддавање службена тајна
Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, Ќерим Буши, е осомничен дека бил „кртот“ кој им помогнал на припадниците на криминалната група Барон/Беланоца да избегнат апсење. Според информациите на Телма, Буши синоќа бил приведен на распит поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Случајот со „Оддавање службена тајна“
Министерството за внатрешни работи (МВР) на 28 декември приведе службено лице под сомнение за кривично дело „Оддавање службена тајна“. на криминалниот клан „БЕЛАНОЦА-БАРОН“ .Осомничениот, син на поранешен министер за внатрешни работи од ДУИ, бил ослободен по извршен службен разговор и одземање на мобилниот телефон. Истрагата се спроведува за да се утврди одговорноста за протекувањето на доверливи податоци.
Кој е Назим Буши?
Назим Буши е кадар на ДУИ. Тој е поранешен член на ОНА. Во своите политички почетоци работел како член на обезбедувањето на ПДП, а бил и водник од прва класа во армијата на Македонија. Потоа беше заменик минисстер за внатрешни работи. Во периодот меѓу 31 мај и 20 јуни Назим Буши извршуваше функција министер за внатрешни работи.
Во период кога беше заменик министерот за внатрешни работи, функцијата на Назим Буши ја одбележа скандалот дека платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел. Тој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.
Провалена акција за апсење
Буши е осомничен дека пред десетина дена ја пробил акцијата за апсење на членови на скопското нарко-подземје, информирајќи ги осомничените дека полицијата планира апсење, со што им овозможил да избегаат.
Претходни слични случаи
Ова е трет случај во 2024 година кога информации од полициските структури протекуваат. Во јануари, компромитирана акција за „увоз на кокаин“ доведе до апсење на седум осомничени. На 4 ноември, пензионирани полицајци беа приведени за оддавање доверливи информации, поврзани со познатиот нарко бос Шеваљ Муареми.