Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 101-годишна возраст во својот дом во јужна Џорџија, соопшти синоќа неговата фондација.
Картер, демократ кој се повлече од јавниот живот, беше 39-ти американски претседател, служејќи еден мандат (1977-1981).
Тој беше добитник на Нобеловата награда за мир, а од февруари 2023 година добиваше домашна палијативна нега.
Неговото последно појавување во јавноста беше на погребот на неговата сопруга Розалин во ноември 2023 година.
Картер беше најстариот американски претседател.