Според платформата, главниот град во земјава се наоѓа на 10. место на светската листа на најзагадени градови
Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.
Според платформата, главниот град во земјава се наоѓа на 10. место на светската листа на најзагадени градови.
Индексот на загаденост е 167, а во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав воздух“.
Прв на листата на најзагадени градови во светот е Лахор во Пакистан, а потоа следуваат Делхи во Индија и Калкута во Индија.
На 4. место се кинеските градови Вухан и Чонгкинг. По нив се Дака во Бангладеш и Ченгду во Кина. Следуваат Карачи во Пакистан и Кабул во Авганистан.
Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.
Од Иницијативата „Зелен хуман град“ неколку дена пред почетокот на 2025 година упатија четири барања до надлежните институции за борба против аерозагадувањето во Скопје.