дома Политика Македонско- грчките односи во 2024 година: Актуализиран Договорот од Преспа

Македонско- грчките односи во 2024 година: Актуализиран Договорот од Преспа

3

Македонско- грчките односи во 2024 година: Актуализиран Договорот од Преспа

  Претседателските и парламентарните избори, промената на власта и стапувањето на новата Влада кај нас, временски се совпадна со предизборниот период за европските избори во Грција, со што индиректно се актуализираше Договорот од Преспа, за кој и Скопје и Атина порачуваат дека е меѓународен договор и мора да се почитува, јави дописничката на МИА од Атина.

По двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година и вториот мандат на Нова демократија од 2023 година, сега и во двете земји на власт се партии кои како опозиции во 2018 година беа силни противници на Договорот од Преспа, меѓутоа, сега, иако за многу работи не се согласуваат, сепак за почитувањето и импементирањето се согласни дека за тоа немаат избор, бидејќи станува збор за меѓународен договор што ги обврзува државите.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на вчерашните претседателски и парламентарните избори во Северна Македонија, на кои гласачите го изразија незадоволството од бавното т

Со оглед на тоа што речиси половина од 2024 година помина со техничка Влада во пресрет на изборите, а премиерот Мицкоски стапи на должност на крајот на јуни, првата половина од годинава немаше раздвиженост и средби на билатерално ниво, нешто што беше паузирано во предизборните периоди во двете земји, но делумно се активираше по летото – шефот на дипломатија Тимчо Муцунски оствари прва средба со неговиот грчки колега, а заменик-претседателот на Владата Александар Николоски се сретна со министерот за транспорт на Грција.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во мај, па сѐ до почетокот на јули, неколку седмици по завршувањето на европските избори, Преспа, Македонија, Северна Македонија, ерга омнес и толкувањето на ерга омнес и сѐ друго што е поврзано со нашата земја стана една од главните теми во Грција.

Употребата на името Македонија од претседателката за време свеченоста во Собранието на 12 мај и со оглед на тоа што кај јужниот сосед започнуваше предизборната кампања за европските избори, на Договорот од Преспа во низа интервјуа и говори се осврнаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, тогашниот лидер на опозициската СИРИЗА Стефанос Каселакис, но и претставници на Владата во Атина.

Пораките од Грција беа дека Договорот од Преспа е меѓународен договор што мора да се почитува, дека името на земјата е Северна Македонија ерга омнес, односно за севкупна употреба, ни и дека ЕУ перспективата на земјата неопходно поминува низ Грција.

За употребата на името Македонија и името Северна Македонија и претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски неколку пати повторија и објаснија дека го почитуваат Договорот како меѓународен договор, но паралелно посочија дека имаат индивидуално и човеково право како да ја нарекуваат државата.

Медиумите во Грција пак коментираа дека станува збор за „континуирани провокации од новата претседателка и новиот премиер на Северна Македонија“.

-Очекував честитка од јужниот сосед за убедливиот триумф, но за жал добивме политички мускули, коментираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, една седмица по двојните избори кај нас, со оглед на тоа што официјална Атина не упати честитка за изборот на новата претседателка, а честитка од Грција не пристигна ниту до новата Влада.

Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој од претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска доби мандат за формирање влада.

Откако и во двете земји завршија изборните процеси, на средината на јнуи почна да се „крши мразот“ меѓу двете земји, со оглед на тоа дека шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и неговата заменичка Александра Пападопулу беа во Скопје на состаноците во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) додека пак на  маргините на Самитот за мир во Швајцарија претседателката Сиљановска Давкова, како што самата објави на Фејсбук имаше средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.

-Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

На почетокот на јули се одржа НАТО Самито во Вашингтон на кој присуствуваа и македонскиот и грчкиот премиер, меѓутоа билатерална средба ниту беше предвидена во програмите на Мицкоски и на Мицотакис, ниту се одржа, а идентична беше ситуацијата и за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември кога двајцата премиери ги предводеа делегациите на двете земји.

Во Њујорк, сепак се одржа првата билатерална среба меѓу министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, која шефот на македонската дипломатија ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна, а во фокусот беа прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори.

Прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, к

Два месеци пред средбата Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор и во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас, додека пак куса средба имаа и на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во септември, кога шефот на грчката дипломатија имаше разговор и со премиерот Мицкоски, согласно фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција.

Инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи ги претстави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што во септември се одржа во Солун, паралелно упати покана до грчките бизниси да инвестираат во Северна Македонија, но иимаше и одвоени средби со министрите за транспорт и поморство на Грција.

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Северна Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер з

Во меѓувреме се работи и на отворањето на новиот граничен премин Лемос- Маркова нога меѓу двете земји, а градоначалникот на општина Преспа Јоргос Стергиу, за МИА изјави дека проценките се за околу две години да биде ставен во функци по повеќе од половина век.

Независно од политичките односи, во другите области и во 2024 година не изостанаа ниту македонското присуство на настани во Грција, ниту пак проектите што веќе се во тек, како што е учеството на претставници на армијата на воени вежби, културната соработка, продолжување на изградбата на интерконекторот, но и промоција на македонскиот јазик.

По успехот на книгата и претставите, не само на Балканот, туку и многу пошироко, грчката верзија на „Мојот маж“ на Румена Бужаровска, вчера имаше успешна „солд аут“ премиера во театарот „Тиси

На почетокот на годината едно од делата на македонската авторка Румена Бужаровска, збирката раскази „Мојот маж“ беаше драматизирано и поставено и на грчката театарска сцена, преку истоимената претстава, а две седмици подоцна следеше втора промоција во Атина на грчките изданија на книгите „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ , додека пак на крајот од годината, заедно со македонски и грчки професори учествуваше на научна конференција за перспективите на културната соработка на академско ниво со фокусот ставен на македонскиот јазик.

Научниот симпозиум беш прв од ваков тип на академско ниво, се одржа во амфитеатар на Универзитетот „Македонија“ во Солун во организација на Лабораторијата за култура, граници и родови при Катедрата за балкански, словенски и ориентални студии  на солунскиот Универзитет во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За перспективите на културната соработка на академско ниво со фокусот ставен на македонскиот јазик, ќе дискутираат македонски и грчки професори на настанот што денеска ќе се одржи во Солун, а

Професорката Александра Јоаниду, една од организаториките, во пресрет на настанот, за МИА посочи дека целта е да се зацврсти долго планираната соработка помеѓу Универзитетот во Скопје и Универзитетот Македонија, додавјаќи дека „по официјалното признавање на македонскиот јазик со Договорот од Преспа требаше да се спроведе и во академската средина за конечно да започне плодна размена на идеи, култура, знаење и соработки на академско ниво“.

Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, професор Владимир Мартиновски посочи дека значењето и успехот на академската средба ги охрабрува, но и ги обврзува, следната научна средба да се одржи во Скопје во текот на 2025 година.

-Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот Македонија во Солун се случи еден вид „духовна гозба” посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, рече тогап за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски.

Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како н

Дополнително, соработката со Грција продолжи и во областа на воените вежби.

Припадници на специјалните сили на Северна Македонија, заедно со специјалните сили од уште седум земји и домаќинот Грција, учествуваат во воената вежба „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, што во март се одржа на грчка територија во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“, а припадниците од баталјонот на специјалните сили „Волци“ по втор пат беа дел од десетдневната меѓународна вежба „ОРИОН -24“ што се одржа на неколку локации во поширокиот дел на грчката област Атика во околината на Атина.

Во Грција минатата година се одржаа и низа меѓународни настани со учество на претставници од Северна Македонија.

Од Европското кикбокс првенство во Атина македонската репрезентација се врати со два медали, Бобан Илиевски освои златен, а Стефан Михајловски бронзен медал.

Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на

Атина на крајот на септември беше домаќин на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ со учество на 190 земји, мееѓу кои и нашата, со петмина средношколци и двајца ментори, кои со роботот  „Експлозивниот ајвар“ се пласираа на 107 место.

Со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, петмина средношколци од Северна Македонија и нивните двајца ментори ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FI

Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа – стапи во сила промената на пасошите

Минатата година се одбележаа шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, а согласно одредбите, на 12 февруари  беше крајниот рок за граѓаните да ги променат личните документи со новото име на државата, што создаде сериозни проблеми и неколку месечни гужви во пунктовите на МВР.

Оние кои останаа со пасошите со името Македонија се соочија со проблеми на граничните премини, возилата добија специјална налепница со кратенката НМК, со законски измени по итна постапка, пратениците изгласа пролонгирање на рокот на замена на возачките дозволи до 31 декември 2024 година, а целата ситуација во конкретниот период беше тема на конфронтација меѓу Владата и опозицијата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава преку својот Фејсбук профил соопшти дека споредбено во 2022 со 2021 година, се бележи зголемување на издадените пасоши за 40.435 и на

Во Грција, шефот на дипломатијата преку циркуларно писмо ги потсети грчките Министерства дека „на 12 февруари 2024 година истекува петгодишниот „технички“ преоден период предвиден во член 1, став 10 од Договорот од Преспа“ во однос на  документите за меѓународна употреба и посочи дека од 13 февруари „сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи, документи за патнички и товарен транспорт, регистарски таблички, потврди итн., ќе треба да ја имаат само терминологијата од член 1 (3) од Договорот од Преспа“, но и дека во спротивно, нема да бидат прифатени од грчките власти.

Од друга страна, за проблемите што се создадоа кај нас, грчки дипломатски извори брифираа дека „исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација меѓу Скопје и Атина за евентуално продолжување на рококот, одговорија негативно.

Во најмала рака е лицемерно Турција да се повикува на меѓународното право, велат од Министерството за надворешни работи на Грција, одговарајќи на изјавите на од Министерството за одбрана на Т

Целосна имплементација на Договорот особено во делот на употребата на уставното име и во внатрешноста на земјата е она што Грција континуирано го бара од Северна Македонија, за што премиерот Мицкоски во една прилика порача дека „ерга омнес ние го користиме“ и објасни дека „членот 7 од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни во однос на тоа што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија“, додека пак во друга прилика порача дека Договорот од Преспа треба да се почитува и имплементира и од јужниот сосед.

Предизвици за 2025 година

Што се однесува на предизвиците во Nовата година, но и обврските во билатералните односи, најмалку две работи остануваат исти и (се уште) неисполнети – како и во изминатите најмалку пет години – Грција да ги ратификува трите меморандуми за соработка во Парламентот и да се одржи вториот меѓувладин Совет на високо ниво на кој домаќин треба да биде грчката Влада.

Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, се уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА во мај ги достави по втор пат.

По инаугурацијата на претседателката Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуелизираше во Грција, СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат сработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штети на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог закони.

Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада беше дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“.

Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје, односно три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна.

Дополнително, не е одржан вториот Совет за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, и кој, како што е предвидено во Договорот од Преспа „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата”.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот шеф на државата кој ја посети Грција и со високи почести беше пречекан во Атина и иако ја покани неговата грчка колешка да го посети Скопје, сепак не беше договорена возвратната посета на Катерина Сакеларопулу, чиј мандат истекува на почетокот на годинава.

Премиерите на двете земји, иако од јули и, почнувајќи со НАТО Самиот во Вашинготн, доста често се на исти настани, сепак се уште не оствариле билатерална средба, ниту пак имале било каков прв контакт, за меѓусебно запознавање, секако според она што е официјално и јавно објавено и соопштено.

Исто како и Меѓувладината седница, така и ратификацијата на трите меморандуми, но и евентуалните официјални посети кои не се остварија во минатото, остануваат за во иднина, можеби за оваа, можеби за некоја од следните години.

Сања Ристовска

ПредходнаИзвршен увид во близина на Рашче, се испитуваат причините за несреќата
СледнаПензиите од март повисоки за 2.500 денари, старосната граница за пензионирање останува иста