Платформата за музика „Спотифај“ сподели листа на топ 10 најслушани песни, но не за 2024 година, туку од почетокот на постоењето на платформата.
Според најновите податоци „Спотифај“ има 640 милиони активни корисници на месечно ниво. Ова е зголемување за 38 милиони слушатели, споредено со бројката во 2023 година
Првото место на најслушана песна е „Blinding Lights“ на The Weeknd со 4.640.150.204 преслушувања. Песната доживеа огромна популарност во 2020 година кога беше дел и од „ТикТок“ предизвик.
Втората најслушана песна е „The Shape of You“ на Ед Ширан за која музичарот има добиено и „Греми“ награда за најдобра поп соло-музичка изведба. Третата песна е „Someone You Loved“ од Луис Капалди.
Четврто место ја освои песната на популарниот Хари Стајлс „As It Was“, а потоа следуваат „Starboy“ од The Weeknd, „Sunflower“ од Post Malone, „One Dance“ од Дрејк, „Sweater Weather“ од The Neighbourhood, „Stay“ од The Kid Laroi и „Believer“ од Imagine Dragons.