Лорен Санчез, партнерката на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, напиша порака во знак на сеќавање на нејзината богата 2024 година, a ја поздравуви и новата 2025 година.
Таа ги воодушеви следбениците со објавата на која носи секси сребрена креација. Додаде три фотографии на кои позира во фустан од метална мрежа. Фустанот го надополни со дијамантски обетки и вереничкиот прстен од 30-каратен дијамант од свршеникот Џеф Безос.
„Ти благодарам, 2024 година – размислувајќи за предизвиците што ме обликуваа, победите што ме инспирираа и неверојатните луѓе што ме подигнаа“, напиша Санчез во објавата.
Во продолжение ги изрази своите надежи за годината што следува.
„Оваа година го прифаќам просветлувањето, настојувајќи да им помогнам на другите да ја најдат својата светлина и да засјаат со својот најсилен сјај во 2025 година, година на континуиран раст, заедничка светлина и бескрајни можности“.
Неодамна, во друштво на пријателките раскошно го прослави својот 55-ти роденден на концертот на Ашер во Мајами, Флорида. На забавата беа и многу познати пријатели на парот, како актерот Орландо Блум и пејачката Кети Пери.
„Еве уште една година околу сонцето, осветлена од луѓе кои го прават секој момент одличен“, се пофали таа тогаш.
Санчез често блеска во гламурозни креации, елегантни парчиња облека кои ја истакнуваат нејзината женственост и совршена линија, а нејзиниот моден избор најчесто е во црна боја со луксузен накит.