дома Бизнис ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во...

ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во Хрватска

2

ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во Хрватска 

  Европската Унија одвои 33 милиони евра од Фондот за кохезивна политика наменети за три системи за отпадни води во јадранското крајбрежје на Хрватска.

Станува збор за системи за собирање и секундарен третман на отпадните води во реоните на Нови Винодолски, Цриквеница и Селце, кои треба да бидат завршени до 2027 година. Дополнително, системот во Нови Винодолски ќе има и соларна машина за сушење на тиња од отпадните води.

Како што соопшти Европската комисија, овие реони во моментов се соочуваат со значителни загуби на вода, а дополнителен проблем претставуваат и дивите приклучоци на канализациската мрежа за атмосферски води.

По повод оваа одлука извршниот потпретседател на Европската комисија за кохезија и реформи Рафаеле Фито оцени дека овие проекти се конкретен пример за тоа како политиката за кохезија на ЕУ секојдневно го подобрува животот на граѓаните.

– Граѓаните од Нови Винодолски, Цриквеница и Селце можат да очекуваат побезбедна вода, подобрено собирање на отпадните води и поголема атрактивност на областа за туристите. Овој проект, исто така, ќе придонесе за заштита на животната средина на хрватското јадранско крајбрежје, бидејќи подобреното собирање и третман на отпадните води ќе го намали загадувањето на почвата и морската вода, додаде Фито.

Во соопштението се потсетува дека Цриквеница и Нови Винодолски годишно привлекуваат по околу 329.000 туристи, кои остваруваат околу 4,5 милиони ноќевања. – Проектот ќе даде дополнителен поттик на привлечност на овие региони за туристите, граѓаните и бизнисите, нагласува ЕК.

ПредходнаСеверна Кореја тестираше хиперсонична ракета способна да погоди цели во Пацификот
СледнаНајмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД