дома Балкан Лајчак разговарал со Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ

Лајчак разговарал со Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ

1
Лајчак разговарал со Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ

  Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак денеска соопшти дека разговарал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.

„За мене е голема чест да се сретнам со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Уживав во нашиот разговор за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и ги ценам неговите согледувања и проценки“, напиша Лајчак на социјалната мрежа Икс.

Тој претходно во Њујорк разговараше со заменик-генералниот секретар на ОН за политички и мировни прашања Розмари Ди Карло за Западен Балкан, регионалните случувања и дијалогот Белград-Приштина.

ПредходнаПротести во Виена против можна влада со учество на екстремната десница
СледнаФокус на културниот туризам, развој на креативните индустрии и одлуката за снимање филм за Тоше оставија белег на културната сцена