Во Виена за вечерва се најавени протести против евентуалната коалиција меѓу Слободарската партија на Австрија (FPÖ) и Народната партија (ÖVP), објави Vienna.at.
Под мотото „Аларм за Републиката“, демонстрации ќе се одржат вечерва пред седиштето на владата, како и во други градови, како Грац и Салцбург. Организатори се организации како Volkshilfe, Greenpeace и SOS Mitmensch, поддржани од бројни невладини организации.
Овие протести би можеле да го означат почетокот на нова серија „четврточни демонстрации“, кои потсетуваат на протестите од 2000 година, кога над 150.000 лица протестираа против владата на FPÖ и ÖVP.
Сè уште не е јасно како ќе се одвиваат коалициските преговори меѓу двете партии, а медиумите јавуваат дека суштинските разговори може да започнат утре.