дома Економија Митева: Повикуваме на дијалог со синдикатите

Митева: Повикуваме на дијалог со синдикатите

3
 Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција посочи дека не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ и напомена оти постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Таа подвлече дека Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.
Митева: Повикуваме на дијалог со синдикатите, се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина-Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Треба да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, рече Митева.

Според Митева, изненадува фактот првиот чекор што го презема УПОЗ наместо дијалогот, кој е прв демократски начин и метод за функционирање.Таа напомена дека има бројни механизми преку кои може да се отворат овие прашања, а воедно тоа е и Економско-социјалниот совет кој го формираше Владата, каде Синдикатот партиципира и требале и можеле да го отворат ова прашање.

На новинарско прашање дали е возможно да се реализира покачување на платите за 30 проценти како што бара Синдикатот, Митева одговори дека секогаш се отворени за дијалог и како Влада ќе пристапат кон изнаоѓање на решение.

-Кажавме дека секогаш сме отворени за дијалог, преку кој како Влада ќе пристапиме кон изнаоѓање на решение. Како Влада дадовме директна и сериозна динамика на работа на тој Економско социјален совет. Имаме еднаш месечно средби, каде што сите засегнати страни можат сите прашања да ги отворат. Морам да потенцирам дека до сега такво нешто немаше отворено на тие средби. Не цениме дека е правилно да се преземе првиот чекор како штрајк, затоа што мислиме дека покажавме изминатите шест месеци дека можеме и знаеме како да водиме дијалози и како да ги реализираме барањата. Повикуваме на дијалог, а не на штрајк, додаде Митева.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд и за транспорт.

Протестите, како што е најавено, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии

ПредходнаVolkswagen Group продава се помалку автомобили, а Audi особено паѓа