дома Македонија Политика Муцунски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георгиев

Муцунски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георгиев

Муцунски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георгиев

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев. Како што објави на мрежата Икс, Муцунски во разговорот ја изразил решеноста за јакнење на партнерството и  унапредување на соработката.

Муцунски на Георгиев му честитал и за назначувањето на функцијата.

-Имав пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му го честитав назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок, напиша Муцунски на Икс.

ПредходнаЉутков: Општина Градско поседува сè што е потребно за да стане вистински бисер на транзитниот туризам
СледнаВашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години