дома Uncategorized Валенсија домаќин на Барселона, Реал Мадрид се среќава со Леганес во четвртфиналето...

Валенсија домаќин на Барселона, Реал Мадрид се среќава со Леганес во четвртфиналето на Кралскиот куп

Валенсија домаќин на Барселона, Реал Мадрид се среќава со Леганес во четвртфиналето на Кралскиот куп

  Реал Мадрид ќе игра со локалниот ривал Леганес, а Барселона ќе патува во Валенсија во четвртфиналето на Кралскиот куп, покажа денешната ждрепка.

Атлетико Мадрид ќе му гостува на Хетафе во уште една пресметка од шпанската престолнина, додека ќе има и баскиска пресметка помеѓу Реал Сосиедад и Осасуна.

Натпреварите ќе се играат меѓу 4 и 6 февруари.

Оваа ждрепка ја остави отворена можноста Реал Мадрид и Барселона да се сретнат во финалето – нешто што не се случило повеќе од 10 години. Двата гиганти 18 пати се сретнале во финалето на Купот, а предноста ја има мадридската екипа со 11 победи. Последното финале помеѓу Реал и Барселона го доби Кралскиот клуб со 2-1 во Валенсија во 2014 година.

Сепак, Барселона има очигледна предност оваа сезона, бидејќи екипите се сретнаа двапати, а Каталонците победија со 4-0 на гости во шампионатот и 5-2 во финалето на Суперкупот во Саудиска Арабија пред една недела.

Сепак, Реал Мадрид е лидер во поредокот во Ла Лига со 46 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид и седум повеќе од Барселона.

ПредходнаПипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн
СледнаЛазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда