дома Спорт Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во...

Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда

2
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда

  Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство.

– Треба да сме задоволни. Со пласманот во Главната фаза ја исполнивме првичната цел. Можевме многу подобро вечерва, но најважно е што победивме. Драгоцено е и искуството што го стекнуваат младите. Имавме 20-ина промашени удари од кои многу зицери. Со поквалитетен противник не смееме да си  дозволиме таков луксуз. Добро е што ги поштедивме Митревски, Пешевски, Митев. Допрва ни доаѓаат тешки борби, ни треба енергија. Одиме да се одмориме и да се подготвуваме за Австрија во вторник. Благодарност за големата поддршка од македонските навивачи кои се овде, но и од цела Македонија, истакна Лазаров.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија. 

ПредходнаВаленсија домаќин на Барселона, Реал Мадрид се среќава со Леганес во четвртфиналето на Кралскиот куп
СледнаФЕД се повлекуваат од мрежата за зелен финансиски систем