дома Политика Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е...

Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо

1

Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо

  Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање. Ова, претставува провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето што е решено, како што е познато, дефинитивно и неотповикливо, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, јави дописничката на МИА од Атина.

– Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на Договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по изјавата на премиерот Мицкоски од САД во која рече дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.

Изјавата на премиерот ја пренесоа голем дел од грчките медиуми, коментирајќи дека „Мицкоски провоцира“ и говори за „нерешено прашање“.

ПредходнаЈовановиќ за МИА: Ако се остварат најавите на Трамп за царини за Кина и ЕУ, тоа ќе значи трговска војна и забавување на глобалниот раст
СледнаНоминираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска