дома Култура Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ

  Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.

Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

– Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш – 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби, соопштија од МНТ.

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.

Првата реприза е закажана за 30 јануари.

ПредходнаВо Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески
СледнаЉутков: Сите локални и национални институции треба да подготват сеопфатна анализа која ќе го содржи приоритетниот број на вработени