Лидерот на демохристијаните Фридрих Мерц ги повика германските компании да бидат внимателни кога станува збор за инвестирање во Кина. Мерц има големи шанси да стане канцелар по изборите во февруари.
Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ), Фридрих
Мерц, ја опиша Кина како ризична за инвестиции. Тој го оспори и владеењето на правото во Кина. Пекинг сега предупредува „да не се доведува во прашање непотребно“ односите меѓу двете земји.
„Се надеваме дека германската страна објективно и рационално ќе го набљудува развојот на Кина и ќе остане посветена на традицијата на германско-кинеското пријателство“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг.
Таа ги покани германските политичари да ја посетат нејзината земја и да ја искусат „вистинската Кина“.
Во четвртокот, Мерк предупреди на претпазливост при инвестирање во Кина. „Одлуката за инвестирање во Кина е одлука со висок ризик.
Според него, тоа особено го доживеале малите и средни претпријатија. Кина не е правна држава според „нашите стандарди“, додаде претседателот на ЦДУ.
Тој изјави дека разговарал со бројни мали, средни и големи компании и им препорачал да ризикуваат на начин што нема да ја загрозат целата групација компании во случај да бидат отпишани инвестициите.
„И под никакви околности, ве молам, не доаѓајте во државата, сојузната влада на Германија, да барате помош во таква економска ситуација“, додаде Мерц, кој има големи шанси да стане канцелар по изборите на 23 февруари.
Демохристијаните, всушност, убедливо водат во анкетите.
Кина беше најважниот трговски партнер на Германија осми пат по ред во 2023 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика. Трговската размена меѓу двете земји достигна вредност од 254,2 милијарди евра.
За многу германски компании, Кина е клучен пазарен регион. Сепак, германските компании кои работат во Кина често се жалат на тежок пристап до пазарот или правна несигурност.