Home Свет Балкан Започна 24-часовната студентската блокада на Автокоманда во Белград

Започна 24-часовната студентската блокада на Автокоманда во Белград

0
Започна 24-часовната студентската блокада на Автокоманда во Белград

Студентската блокада на Автокоманда во Белград е во тек и ќе трае 24 часа до утре, 28 јануари и тоа до 10 часот претпладне. Демонстрантите им оддадоа почит на 15-те жртви на Железничката станица во Нови Сад. Студентите поставија шатори, како и камени блокови и метални огради со стрелки за пренасочување.

Пред Ветеринарниот факултет, кој е најблиску до Автокоманда, поставени се маси со храна, кафе, чај, вода, сокови и овошје за учесниците на протестот. Студентските колони ги следи сообраќајната полиција, која го запира и регулира сообраќајот.

На студентите од Правниот факултет кои готват, играат одбојка и друштвени игри им се придружија трактористи и моторџии. Нема да има испити и настава на Медицинскиот факултет во Ниш додека не се исполнат барањата на студентите, одлуката на деканската управа е објавена на веб-страницата на факултетот.

Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите, за да придонесат за одржување на безбедноста на присутните. Наведоа дека организирањето на блокадата е наменето како мирен протест кој испраќа јасна порака, „но не смее да доведе до инциденти или непотребни ризици“.

Во 20:00 часот ќе се организира читање на барањата на студентите, меѓу кои и утврдување одговорност за несреќата и кривично гонење на сите кои ги нападнаа студентите за време на претходните собири.

Српскиот претседател Вучиќ блокадата на Автокоманда ја нарече противзаконска.

  • Важно е исто така ние добро да разбереме, дека работите во Србија се менуваат исклучително по демократски пат. И кога сето ова го кажувам, го кажувам од едноставна причина зашто ми се чини дека никогаш не било по важно да го зачуваме мирот стабилноста и да гледаме во иднината. И ќе успееме во тоа. Веќе оваа недела ќе отвораме нови секции на автопатите. Веќе оваа недела ќе покажеме како напредува Србија. И мораме да ги повикуваме сите граѓани на мир, на почитување на различноста а по демократски пат и преку демократските институции ќе ги решаваме проблемите, рече Вучиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here