Home Македонија Политика МАЕИ бара јавно извинување од албанската амбасадорка во Софија за терминот „Северномакедонци“

МАЕИ бара јавно извинување од албанската амбасадорка во Софија за терминот „Северномакедонци“

0
МАЕИ бара јавно извинување од албанската амбасадорка во Софија за терминот „Северномакедонци“

Партијата на Македонците во Албанија најостро ја осудува изјавата на албанската амбасадорка во Софија Инид Мило, која во интервју за бугарската Нова телевизија припадниците на македонската заедница во Албанија ги нарече Северномакедонци.

„Што се однесува до малцинствата, според резултатите од пописот, во Албанија живеат околу 7.000 Бугари, но и други заедници како грчкото малцинство, Роми, Власи и Северномакедонци. Албанскиот Устав ги гарантира правата и слободите на сите малцинства кои живеат во Албанија, вклучувајќи ја и бугарската заедница“.– Инид Мило, амбасадорка на Албанија во Бугарија

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски во изјава за Канал 5 вели терминологијата употребена од албанската амбасадорка е неприфатлива, навредлива и сакнадалозна и бара јавно извинување. потенцира дека ова не е излорина случај и дека во изминатата година македонското малцинство во Албанија се почесто е нарекувано со слична терминологија…

“„Во повеќе наврати за време на тркалезни маси од официјални лица сме нарекувани како малцинство на Севрна Македонија и на тоа имаме реагирано дека ние сме македонско малцинство. Во неколку наврати и како северномакедонско малцинство, тоа го користат разни албански новинари во разни дебатни емисии и нас тоа не загрижува што овој термин не е својствен за нас и воопшто не е идентификувачки за нас, станува практика во албанската јавност“. Ако не добиме извинуавње од албанското МНР или јавно извинување од амбасадорката ќе одиме до крај со нашата жалба до Комисијата за заштита од дискриминација па тие да ги натераат да дадат јавно извинување и ќе се обративме и до народниот правобранител “– Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ

Од Македонското МНР засега нема став дали реагирале или планираат да реагираат за изјавите на албаснката абасадорка во Софија. Терминот Северномакедонци беше употребен и во резултатит од пописот, но реакциите упатени тогаш од македонското МНР графата беше корегирана, а официјалното објанување од тамошните власти беше дека станувало збор за техиничка грешка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here