дома Свет Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Зеленски: Ништо за Украина без Украина

  Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека има апсолутна желба Украина и Европа да имаат место на маса во секакви мировни преговори со Русија.

Зеленски по разговорот со шведскиот премиер Улф Кристерсон на Х напиша дека со него споделил детали од неговиот конструктивен состанок со американскиот пратеник Кит Келог.

– Мораме да бидеме апсолутно јасни: ништо за Украина без Украина, ништо за Европа без Европа, истакна украинскиот претседател.

– Работиме на заедничка визија за безбедносни гаранции. Одлуката мора да биде донесена пред да почнат какви било потенцијални преговори, а Европа мора да биде на масата. Она што ни треба е мир – праведен и траен мир, а не само привремен прекин на огнот, напиша Зеленски.

ПредходнаАнализа: Подемот на екстремната десница може да го забави новиот моментум во проширувањето на ЕУ
СледнаГерманија: Миграцијата и економијата главни во кампањата