дома Македонија Ковачевски и во новата афера со сомнителен мазут и нафтени деривати за...

Ковачевски и во новата афера со сомнителен мазут и нафтени деривати за ЕСМ

 

МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Е.С., како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.

 

Сепак покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.

24инфо.мк дознава дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и А.М. како и други лица вработени во АД ЕСМ но и од фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.

За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка.

 

ПредходнаПретседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
СледнаПапата Франциск повеќе не е во непосредна опасност