дома Спорт Волф: Задоволни сме од работата што ја сработивме во зима

Волф: Задоволни сме од работата што ја сработивме во зима

Волф: Задоволни сме од работата што ја сработивме во зима

  Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот е задоволен од работата што била завршена во текот на зимските месеци и за време на претсезонскиот тест во Бахреин.

„Сребрените стрели“ ја завршија сезоната во 2024 година зад нивните директни ривали Мекларен, Ферари и Ред Бул. Во пресрет на новата кампања, која ќе биде прва за Мерцедес без Луис Хамилтон од 2013 година, Волф ги сподели своите размислувања за изминатите месеци. Австриецот, сепак, потсети дека останува да се види дали сработеното ги дало потребните резултати.

-Како тим имавме голем предизвик во текот на зимата. Нашите конкуренти силно ја завршија 2024 година и знаеме дека Ферари, Ред Бул и особено Мекларен ќе имаат предност пред нас на почетокот на сезоната. Можеме да бидеме задоволни од работата што ја завршивме во текот на зимата и на тестот во Бахреин. Двајцата возачи дадоа позитивни коментари за В16 по трите дена и се чини дека направивме подобрувања. Секако, важно е само како ќе се претставиме против нашите конкуренти. Дефинитивно ќе почнеме да добиваме појасна слика за ова овој викенд, истакна Волф.

Германецот порача дека во Австралија тимот ќе ги испише почетните линии на новото поглавје во нивната историја.

-Тоа е возбудливо време додека се надоврзуваме на неверојатната историја на Мерцедес во мотоспортот. Ќе сакаме да постигнеме нови цели и да исполниме нови соништа во наредните години. Ова ќе го понесе секој од нас, од пилотите до механичарите, инженерите и сите во Бракли и Бриксворт. Се разбира, и навивачите. Австралија е одлично место за натпреварување. Патеката е предизвикувачка и е вистински тест за болидот. Навивачите се секогаш одлични и Мелбурн е фантастично место за почеток на новата сезона, порача Волф.

Во 2025 година, возачи на Мерцедес ќе бидат Џорџ Расел и дебитантот Андреа Кими Антонели, кој го зазема местото на Хамилтон, кој се пресели во Ферари.

ПредходнаМилевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс
СледнаРоберт Редфорд на 88 години ѝ се врати на глумата