дома Свет ЕК не ја исклучува можноста за конфискација на руските замрзнати средства во...

ЕК не ја исклучува можноста за конфискација на руските замрзнати средства во ЕУ, доколку тоа е законски можно

ЕК не ја исклучува можноста за конфискација на руските замрзнати средства во ЕУ, доколку тоа е законски можно

  Барањата за одземање на замрзнатите руски средства во Европска Унија се разгледуваат со меѓународните партнери, Европска комисија останува отворена за тоа, сè додека постојат правни можности, изјави еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен.

Тој, во дебатата во Европски парламент во Стразбур, наведе дека во ЕУ има 210 милијарди евра замрзнати руски средства, при што дел и припаѓа на руската држава, а остатокот е приватна сопственост.

Хасен истакна дека годишно каматата на овој имот носи приход од околу три милијарди евра.

Земјите-членки на ЕУ во мај минатата година одлучија приходите од замрзнатиот руски имот да ги насочат кон Украина сè додека Русија не плати обесштетување. Хансен наведе дека ЕК на почетокот од годината и префрлила на Украина три милијарди евра добиени од каматите на замрзнатиот руски имот.

ПредходнаТрамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов
СледнаКаранфилова-Пановска: Власта прави упад во правната држава наместо да спроведе реформи во судството