
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД вчера разговарале со украинска делегација во Џеда за територијални отстапки на Киев и дека се надеваат на позитивен одговор од Русија за прекин на огнот.
„Ако Русија каже не, многу ќе ни стане појасно. Нема воено решение за овој конфликт. На Украина и се потребни доволно средства за одвраќање од идни напади“, им рече Рубио на новинарите на аеродромот Шенон на почетокот на посетата на Република Ирска.
Тој додаде дека предложениот договор за минерали меѓу Украина и САД нема да го карактеризира како безбедносна гаранција.