
Столе Боев, член на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“, вечерва изјави дека не чувствува вина за трагедијата.
„Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не успеав да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев.
Тој истакна дека гневот кај граѓаните на Кочани не е насочен кон обезбедувањето.
„Луѓето што протестираат се од кај нас, бараат правда за нас, слобода. Ние успеавме сè да направиме, јас сум дел од обезбедувањето што успеа да ги извади сите преживеани“, додаде Боев.