дома Свет Балкан Рама: Хашкиот трибунал правдата ја претвори во фарса

Рама: Хашкиот трибунал правдата ја претвори во фарса

Рама: Хашкиот трибунал правдата ја претвори во фарса

  Премиерот на Албанија, Еди Рама одлуката на Специјалниот совет во Хаг да не му дозволи на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи да присуствува на погребот на неговиот татко, ја нарече фарса.

Рама на Икс објави дека Специјалниот суд за меѓународна правда се претвори во фарса, а демократските права станале празни зборови.

– Нов срам од срамниот и бесрамен трибунал, кој меѓународната правда ја претвори во фарса, демократските права во празни зборови, а добрата волја на косовскиот Парламент во најбрутален бумеранг“, истакна Рама.

Погребот на таткото на Хашим Тачи е закажан за утре.

Претходно Организацијата на воени ветерани на ОВК објави дека е одбиено барањето на Тачи да присуствува на погребот на неговиот татко, истакнувајќи оти станува збор за „намерен и злонамерен чин на Специјализираните совети, со цел да го понижат и деградираат не само Тачи, туку и сите борци“.

ПредходнаТрамп за денеска најави објавување на 80.000 страници документи за убиството на Кенеди
СледнаСтуденти во Нови Сад синоќа се обидоа да ја блокираат зградата на Градското собрание