Во светлината на страшната несреќа што се случи во Кочани, каде што 59 млади животи беа трагично загубени и повеќе од сто луѓе сериозно повредени, Неговата Високопреосвештеност, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, изразува потреба од засилено национално единство и заедничка молитва. Во овие моменти на огромен бол и жалост, Светата Македонска Православна Црква неуморно се моли за душите на невино починатите, организира помени и служби за нивните души и молитвено исцеление за повредените, како и смирение и поткрепа за нивните семејства. Архиепископот потенцира дека кохезијата и цврстината на националната сплотеност се клучни во вакви тешки времиња. Во овие денови на општа жалост, повикот стои до секој верник и секој граѓанин на Македонија да застанеме единствени во молитва и мир, заедно да го негуваме внатрешниот и меѓусебниот мир. Преку молитва и достоинствено чувство на заедништво, со Божја помош, ќе најдеме утеха и спокојство, подвлекува во своето обраќање архиепископот Стефан.
дома Македонија Архиепископот Охридски и Македонски Господин Стефан повикува на единство и молитва за...