дома Македонија Калајџиев: Притвори под притисок на јавноста, а не од легални причини и...

Калајџиев: Притвори под притисок на јавноста, а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици

 

Професорот Гордан Калајџиев се огласи на социјалните мрежи со свое видување на досегашната истрага за трагичниот пожар кој одзеде 59 животи во Кочани. Тој вели не е многу оптимистичен за тоа како се спроведува истрагата и истакна пет факти на кои го темели својот став.

“Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи:

1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност;

2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено

3. Мвр и Јо тераат не многу координирано (мвр скока како прле пред магаре- ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води Јо.

4. Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери и

5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават…”, напиша тој на Фејсбук

ПредходнаСе проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката
СледнаСара Јо: Како да се носиме со оваа тага? Панчо знам дека се бориш лавовски