дома Магазин „Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно...

„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш“ – Сопругата се прости од Филип Стевановски

 

Ирена, сопругата на Филип Стевановски, кој беше член на ДНК и го загуби животот во несреќата во Кочани, со зборови кои кинат срце се прости од него.

Таа во објавата на Фејсбук напиша:

-Среќо моја, Филип мој! Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица. Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас. Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото! Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено. Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани. Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој. Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но се’ што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците! Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш, напиша неговата сопруга Ирена.

ПредходнаЈована Пајиќ последна пеела во Кочани: Шокантната снимка открива опасностите во клубот
СледнаВо Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул