дома Македонија Економија ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за...

ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

 

„Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.

Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност“.

 

Според неа, кај 5 правни субјекти коишто биле регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период биле издадени решенија за забрана на дејност.

„Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затварања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог“, прецизираше Митева.

ПредходнаРеакција на Факултетско студентско собрание на Правен факултет на делувањето на студентски претставници на Филозофскиот факултет
СледнаДали треба да го полните мобилниот телефон во текот на ноќта?