дома Свет Балкан Вулин: Руските специјални служби ни помогнаа во борбата против протестите, им благодарам

Вулин: Руските специјални служби ни помогнаа во борбата против протестите, им благодарам

 

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските разузнавачки служби им помогнале на властите во борбата против повеќемесечните антивладини протести. Протестите, предводени од студенти и поддржани од професори, земјоделци и работници, траат од ноември минатата година, откако 16 лица загинаа во уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад.

„Многу сум им благодарен на руските специјални служби кои секогаш нè поддржуваат во борбата против обоените револуции, пред сè со информации. Тие знаат каква опасност ѝ се заканува на Србија“,рече Вулин во интервју за руската државна новинска агенција РИА.

Протестите во Србија започнаа откако на 1 ноември 2024 година се урна натстрешница на главната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Инцидентот предизвика масовни протести, предводени од студентите, кои побараа властите да сносат одговорност за трагедијата.

Демонстрантите ги обвинија властите за корупција и лошо менаџирање, што, според нив, довело до несреќата.

Протестите се проширија низ целата земја, а учесниците организираа 15-минутни блокади во спомен на 15-те загинати лица. Денеска беше соопштено дека починала и 16. жртва.

И покрај апсењето на 13 лица поврзани со несреќата, меѓу кои и поранешниот министер за инфраструктура, демонстрантите продолжија да бараат правда и одговорност.

ПредходнаОд руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
СледнаИлјадници Турци протестираа поради апсењето на градоначалникот на Истанбул