дома Свет Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари...

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон

  Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД.

Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден – Хантер и Ешли.

Трамп се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД.

ПредходнаШојгу се сретна со Ким Џонг-ун во Пјонгјанг
СледнаОд руско заробеништо вратени 4.306 украински војници