
Македонска асоцијација на сомелиери – МАСОМ денеска ќе го одржи винскиот настан Grand Vin Spring Edition.
На настанот кој се одржува во Скопје повеќе од 40 вински производители ќе ги претстават своите најнови вина, берби и купажи за 2025 година, вина од македонските и светските вински региони.
Средствата од влезниците ќе бидат донирани на семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Со секој билет, не само што ќе уживате во виното, туку и ќе дадете значаен придонес.
Покрај винската понуда, ќе има и селектирани ракии, како и гурмански специјалитети во деликатесниот павилион.