дома Lifestyle Почина актерот Вал Килмер

Почина актерот Вал Килмер

 

Холивудскиот актер Вал Килмер почина на возраст од 65 години. Актерот починал од пневмонија во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за „Њујорк тајмс“.

Килмер се борел со рак на грлото со години, кој му бил дијагностициран во 2015 година.

Роден и израснат во долината Сан Фернандо, тој се прослави со улогите на Том Ајсмен Казански во филмот „Топ Ган“ од 1986 година, Џим Морисон во „Д дорс“ од 1991 година и улогата на Бетмен во „Бетмен засекогаш“ од 1995 година.

Беше во брак со британската актерка Џоан Вели од 1988 до 1996 година, а покрај ќерката го доби и синот Џек кој исто така актер.

ПредходнаПоранешни светски лидери ја повикуваат ЕУ да го задржи својот став за климатските прашања
СледнаАко имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум