дома Македонија Политика Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретнал со претставници на ...

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретнал со претставници на партиите на Албанците

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретнал со претставници на  партиите на Албанците 

  Албанскиот претседател Бајрам Бегај, на враќање од Софија, во Скопје се сретнал со политичките лидери на Албанците од позицијата и од опозицијата.

Првично Бегај се сретнал со  лидерот на Демократското движење Изет Меџити, на Алтернатива, Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи за потоа да се сретне со првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари  и генералниот секретар Блерант Рамадани.

Бегај се сретнал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи.

На средбите Бегај бил придружуван од албанскиот амбасадор во земјава, Денион Меидани.

-На враќање од Софија неизбежна средба со албанскиот политички фактор во Северна Македонија, посветени на европската интеграција и НАТО, напиша Бегај на Фејсбук.

Во фокусот на средбите била соработката меѓу двете земји и актуелните случувања во земјава и регионот.

ПредходнаСАД во март создале 228.000 работни места, но невработеноста расте
СледнаПремиерно прикажан документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”