дома Македонија Општество АНАЛИЗА: Дискриминација по етнички, родов, сексуален основ најмногу претставки за работните права...

АНАЛИЗА: Дискриминација по етнички, родов, сексуален основ најмногу претставки за работните права во Македонија

 

Етничката или националната припадност – најчеста причина за претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сумираните податоци за 2024 та покажуваат дека претставките најмногу се поврзани со правата од работен однос, пишува Порталб.мк. Најголем дел или 66% од потврдените случаи на дискриминација се во јавниот сектор. Новиот Годишен извештај на КСЗД стигна во Собранието – за  усвојување.

Причини за дискриминација – одлуки на КСЗД

За дури 43% е зголемен просечниот број на поднесени претставки за заштита од дискриминација во 2024 та во однос на поднесените нови претставки во периодот 2021-2023. Лани во однос на 2023 та бројот на претставки е намален за 22% но тоа е поради помалиот број на поднесени повеќекратни пријави за исти настани, односно ист дискриминатори. Од вкупниот број на претставки , 27% се однесуваат на дискриминација по етничка или национална основа. Ова се дел од наодите во Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација.

“Најчеста основа за дискриминација во 2024 е националната или етничката припадност која е посочена во 109 претставки што е 27% од вкупниот број на претставки “ – се наведува во извештајот. Според податоците од Комисијата 11% од претставките се за дискриминација поради политичко уверување.

                                      Причини за дискриминација

Етничка и национална основа                       27%

Друга основа                                                      19%

Друго уверување                                               17%

Лично својство и општествен статус              14%

Политичко уверување                                        11%

Образование                                                          7%

Пол                                                                            5%

Не е наведена основата                                       7%

Извор: Извештај на КСЗД

Во претставките кои се поднесени за дискриминација по основ на национална и етничка припадност се опфатени и други основи на дискриминирање.

“Од доставените претставки за дискриминација врз основа на национална или етничка припадност, 6 претставки се однесуваат на јазик, 4 претставки на политичко уверување, 3 претставки за боја на кожа“ – се наведува во извештајот.

Сумираните податоци покажуваат дека во претставките кои се однесуваат на  “друга основа на дискриминација“ и дискриминација по “лично својство или општествен статус“ најчесто  се опфатени случаи со членување или не-членување во синдикална организација, мајчинство, планирана бременост, место на живеење, степен на образование…

Лани, во 43% од усвоените мислења на Комисијата била утврдена дискриминација во областа на работата и работните односи а 20% од заклучоците се однесуваат на утврдена дискриминација во образование, наука и спорт.

И натаму јавниот сектор ја има “водечката улога“ во претставките – 66% од утврдените случаи на дискриминација се во јавните, односно државните  институции а како сторители се посочени самите институции, раководните и други овластени лица во тие институции. 16% од донесените мислења на Комисијата се однесуваат на дискриминација во приватен сектор по различен основ а најчесто поврзани со работата и работните односи

Во 2024 та жените почесто од мажите пријавиле дискриминација врз основа на пол, род, образование, возраст и семејна или брачна состојба.

“Мажите почесто пријавиле дискриминација врз основи на боја на кожа, потекло, сексуална ориентација, државјанство, попреченост“ – констатира КСЗД

Во 2024 та од вкупно 485 предмети за дискриминација, биле донесени одлуки за 316 од нив 48% се мислења по спроведена постапка за утврдување на дискриминација од кои во  37% е утврдена дискриминација.  52% од предметите  се со  заклучок за отфрлање на постапката и тоа најмногу поради неуредни документи или поради ненадлежност на комисијата.

ПредходнаПотенцијалниот недостиг на финансии загрозува милиони животи, предупредува Агенцијата за храна на ОН
СледнаЕУ бара единство во првиот возвратен удар на царините на Трамп