Иницијативата „Кој е следен?“ планира протест пред зградата на Владата во четврток во 18 часот под слоганот „Системот заборава, ние не!“. Од организацијата изјавуваат: „Системот може да заборави, ама ние не ги забораваме траумите кои политичките водачи ги користат за да не поделат. Не ги забораваме лагите со кои ни се закануваат и неправдите со кои се обидуваат да нѐ утнат.“ Тие додаваат дека нападите кон иницијативата се доказ дека нивниот глас е слушнат и дека зборуваат вистина, што предизвикува вознемиреност кај оние кои профитираат од постојаните страдања на луѓето.
„Веќе два месеци се бориме за промени, но статуквото останува непроменето. По четири организирани протести, бројот на несреќи се зголеми, после три форуми неправдата се засили, а и покрај одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште посмирени,“ велат од иницијативата „Кој е следен?“.
„Затоа, ако си работник кој секојдневно ризикува на работа без адекватни заштитни услови, мајка која не може да заспие се додека нејзиното дете не се врати безбедно дома, млад човек кој се принуден да замине бидејќи тука не гледа иднина, студент кој плаќа за образование кое треба да биде бесплатно, лекар што работи со дефектна опрема или учител кој е оставен на цедило, пензионер кој само тешко снаоѓа – ова е вашата прилика,“ продолжуваат тие.
Според нив, сега е моментот да се разбудиме и да почнеме со промена на системот кој требало да не заштити, а нас нè остава незаштитени. „Пратеници кои би требало да не претставуваат не ги браниме нашите интереси, а судиите, кои би требало да служат правда, ја одложуваат додека таа целосно не изгуби смисла,“ истакнуваат од иницијативата „Кој е следен?“. Тие апелираат дека ова не е обичен протест туку повик за освестување и обединување против системот кој инсистира да заборавиме. „Но, ние сме тука за да паметиме и да се бориме. Не заминуваме, не се повлекуваме. Излегуваме повторно на улиците – посилни и поодлучни,“ заклучуваат од иницијативата.