Атрактивната актерка Брук Шилдс, која поголемиот дел од своето време го посветува на пишување, нодамна, објави книга со наслов „Брук Шилдс не смее да остари: Размислувања за стареењето како жена“. А, доказ дека не старее се последните фотографии каде го истакна нејзиниот природен изглед и соврешна фигура.
Имено, на одморот на Бахами таа ја искористи можноста да ги почести своите обожаватели со атрактивни фотографии во бикини и со тоа да го промовира својот омилен бренд костими за капење. Со други зборови, таа ги спои убавото и корисното.
Како што може да се види на фотографиите, Брук позираше на плажа во црно-бело бикини, а нејзиното затегнато тело и тенот беа јасно видливи.
Нејзините обожаватели не останаа имуни на оваа сцена, и веднаш коментираа за оваа природна убавина.