На глобалната Олимпијада за роботски спортови, која се одржуваше на островот Крит, талентирани македонски ученици од STEM Академијата ги освоија првите три места во тешката категорија петобој арена. Во оваа категорија, роботите кои се самонаведуваат мораа да извршат одредени задачи во времетраење од четири минути. Тимовите, поделени во „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“, беа предводени од двајца тренери. Членовите на тимот беа Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, сите на возраст меѓу 13 и 18 години. Олимпијадата, која започна вчера, ќе трае до 14 април и ќе собере учесници од 50 земји и околу 1800 тимови. Предходно, учениците од истата академија беа дел од Медитеранскиот STEM натпревар во Атина, од каде се вратија со пет награди. Во тој натпревар, учествуваа 25 македонски ученици во возраст од осум до 12 години, кои беа поделени во пет тима и се натпреваруваа во различни категории. Им се поставуваа задачи за преживување на Марс, на кои требаше да одговорат преку креативно користење на роботика со Лего коцки.