Во претстојната недела, почнувајќи од утре, понеделник, 14-ти април, сè до недела, 20-ти април, ќе преовладува топла воздушна струја од југ. Ова ќе резултира со високи пролетни температури, кои во повеќето региони ќе достигнат до околу 20 степени Целзиусови. Во Повардарскиот регион и југоисточните делови температурите дури може да се искачат до 25 степени Целзиусови. Во регионот околу Скопје се очекува температурите редовно да ги надминуваат 20-те степени. Ќе преовладува умерен до силен јужен и југоисточен ветер. Временските услови ќе бидат под влијание на циклон кој се наоѓа над Џеновскиот Залив, па така во Македонија ќе имаме променливо облачно време со чести локални врнежи од дожд, кои ќе бидат од слаб до умерен интензитет. Во Скопје и околните подрачја исто така се очекува променливо време со можни локални врнежи. Треба да се напомене дека не се очекуваат ниски минусни температури во утринските часови, така што опасност од појава на мраз нема.