дома Живот Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата

Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата

Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата

 Гушкањето пред спиење има големо благотворно влијание врз менталното здравје на децата. Имено, оваа здрава навика, како што велат психолозите, е важен фактор за емотивниот развој.

Психологот Лора Рид од Велика Британија објаснува дека гушкањето придонесува за создавање поцврсти емоционални врски меѓу родителот и детето, што е од клучно значење за емоционалната стабилност. Таа физичката поврзаност пред спиење, му помага на детето да се опушти и да му го намали стресот, бидејќи гушкањето го активира окситоцинот – хормон којшто го зголемува чувството на сигурност и безбедност, а ја намалува анксиозноста.

Прегратката пред спиење е едноставен, но многу важен начин за зајакнување на емоционалното здравје и менталната отпорност на детето.

Според д-р Рид, навиките како гушкањето пред спиење, исто така, го подобруваат квалитетот на сонот, а децата кои добиваат емоционална поддршка полесно заспиваат и се помалку склони кон ноќни стравови, што придонесува за подобра ментална стабилност. Децата кои се чувствуваат безбедно и сакани, обично, се психички поотпорни, па и пoтoa во животот полесно се справуваат со предизвиците и стресот, а развиваат и здрава емоционална рамнотежа.

ПредходнаВидеоснимка од Кејти Пери на вселенскиот лет
СледнаПобарувачката за „Тесла сајбертрак“ помала од очекуваната