Пролет и токму овој период е вистинско време да се направи домашен мед од глуварче, за кој нашите баби веруваа дека ја намалува кашлицата.
Потребни ви се:
– 200 цветови од глуварче;
– 2 лимони;
– 2 литри вода;
– 2 кг. шеќер.
Подготовка:
Соберете цветови од глуварче напладне, кога сонцето е најсилно. Најдобро би било да најдете ливада која е далеку од пат и заштитена од загадување. Кога ќе ги наберете цвеќињата, измијте ги со ладна вода.
Ставете ги во тенџере и покријте ги со 2 литри дестилирана вода. Ставете го тенџерето на шпорет и варете околу 20 минути, со капак. Процедете ја течноста, додадете шеќер и ставете 2 измиени и исечени лимони. Мешајте ја смесата додека не ја достигнете конзистентноста на медот. Истурете ја врелата течност во тегли и затворете.
Ако не сакате медот да го правите со бел шеќер, можете со кафеав или користете разреден ливадски мед, но измешајте го со млака вода во која сте го вареле глуварчето.