дома Живот Како со исхрана до здравје и виталност

Како со исхрана до здравје и виталност

Иако храната не може буквално да не’ направи помлади, нејзиното влијание врз нашите тела и кожа е често поголемо од скапите серуми и креми. Често се фокусираме на козметичките производи, заборавајќи на моќта на исхраната во борбата против стареењето. Исхраната богата со антиоксиданси има способност да го намали оштетувањето на клетките, да ја зачува нашата ДНК од штетните слободни радикали и да ја забави појавата на стареењето.

Покрај тоа, некои видови храна полни со витамини и минерали, можат значително да помогнат во зголемување на
производството на колаген, што резултира со поздрава и помазна кожа. Според различни
специјалисти за исхрана, одредени прехранбени производи придонесуваат за здравјето на
кожата и долговечноста, штитејќи од оксидативниот стрес.
Боровинките се преполни со моќни антиоксиданси како антоцијанини, кои имаат способност да неутрализираат штетни слободни радикали и да редуцираат оксидативен стрес. Покрај тоа што позитивно влијаат на кожата благодарение на витаминот Ц, тие имаат и благотворни ефекти врз меморијата и когнитивните функции, штитејќи ги клетките на мозокот, според нутриционистот и
лекар д-р Тери Шинтани. Спанаќот, исто така, е посебно богат со соединенија како лутеин и зеаксантин, кои го чуваат мозокот и очите од штетни влијанија на оксидативниот стрес. Со високи нивоа на витамин Ц и бета-каротен, и богат со вода, спанаќот е одличен за хидратација на кожата.
Јаткастите плодови, како оревите, се одличен извор на омега-3 масни киселини, кои се корисни за функцијата на мозокот, како и полифеноли и витамин Е кои помагаат да се намали воспалението. Дополнително, магнезиумот и Л-аргининот во нив го подобруваат здравјето на циркулаторниот систем, вели д-р Шинтани.
Доматите содржат ликопен, силен антиоксиданс кој ја заштитува кожата од оштетувања од УВ зрачење. Исто така, богати со витамин Ц, тие го поттикнуваат производството на колаген и помагаат против воспаленија.
Авокадото, со своите здрави мононезаситени масти, ја задржува кожата мазна и хидрирана.
Витаминот Ц во авокадото стимулира создавање на колаген, а витаминот Е ја чува кожата од исушување и сончевите зраци.
Иако нема магична храна која може да ги реши сите проблеми, балансираната исхрана полна со природни антиоксиданси и здрави масти може значително да придонесе за здравјето на кожата и да ги забави знаците на стареење.

ПредходнаЗа денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
СледнаКаде во Европа има најмногу (и најмалку) смртоносни сообраќајки?