дома Локално Во Дебар се реализираше акција Генералка викенд

Во Дебар се реализираше акција Генералка викенд

Во Дебар се реализираше акција Генералка викенд

  Во Дебар реализирана беше еколошката акција Генералка викенд, при што  отпад се собираше во неколку најкритичните места, кои прерасна во депонии.

-Како дел од активноста „Generalka Weekend“,  вработените од Општина Дебар во соработка со Јавното комунално претпријатие „Стандард“ реализиравме акција за чистење на дел од градот којшто стана критична точка за нелегално фрлање отпад, информираше градоначалникот Хекуран Дука.

Дука, кој редовно учествува во вакви акции, и овој пат  учествуваше во акцијата и упати апел до  граѓаните да бидат посовесни.

-Упатувам апел до граѓаните да бидат повнимателни, посовесни со отпадот и истиот да го депонираат на соодветните места за тоа. Барам сите  заеднички да се грижиме за да го одржиме нашиот Дебар и околината чисти, да ја заштитиме нашата преубава средина,  рече Дука.

Дебарските комуналци редовно го подигаат сметот од контејнерите а ги расчистуваат и дивите депонии, но за жал несовесни граѓани истите ги создаваат насекаде. Дури не го поштедуваат и делот покрај  брегот на езерото, долината на Радика.

ПредходнаАвионска дезинсекција против комарци во Скопје
СледнаРокас: Тешките времиња се можност да ги подобриме работите на долг рок