дома Магазин Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на...

Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

 – Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, шпанската супермоделка Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор – на својата приватна јахта, кај шпанскиот остров Ибица. Покрај сите луксузни детали, двојката ќе има и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, т.е. за само една седмица ќе заработи милион евра.

 

Се работи за Марта Гарсија Бу – позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се потпишува како Буки. Според наводите, Георгина ја исконтактирала Марта преку „Инстаграм“.

– Ако сакаат стек во 2:00 часот наутро, јас ќе се станам во 2:00 ч. наутро и ќе им го зготвам тоа. Тоа може да биде особено тешко бидејќи тие ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат најголеми желби. Тоа ќе биде спектакл!, рече Марта.

 

Инаку, Марта по образование е инженер и работи како консултант во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините готвачки вештини ѝ донесоа поголема популарност. На „Тик-ток“ ја следат речиси половина милион луѓе, а на „Инстаграм“ има скоро 400.000 следбеници.

Популарноста на интернет ѝ донесоа прилично големо внимание на готвачката, па таа ја стекна и довербата на бројни познати личности, меѓу кои и шпанскиот пејач Кеведо.

ПредходнаВИ: Лажните факти и претстави на четботовите сѐ уште проблем
Следна„Комодор 64“ се поврза со „Чет-ГПТ“