дома Граѓански Охридските гимназијалци вечерва демонстрираа хуманост на дело, пееа и свиреа за помош...

Охридските гимназијалци вечерва демонстрираа хуманост на дело, пееа и свиреа за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Охридските гимназијалци вечерва демонстрираа хуманост на дело, пееа и свиреа за помош на семејствата на настраданите во Кочани

 – Учениците од охридската гимназија „Свети климент Охридски“   уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Традиционалната музичко-забавна манифестација што ја организираат на крајот на учебната година тие оваа година ја посветија на семејствата на жртвите во големата несреќа во Кочани.

Пред бројната публика собрана во дворот на Гимназијата секој од учесниците преентираше дел од својот талент, изведувајќи хитови од 60-тите години на минатиот век се до познати рефрени од поново време.

Билетите по цена од 200 денари беа можност секој од посетителите да се вклучи во музичко-сценскиот настан со хуманитарен предзнак. Средствата собрани од продажбата на влезниците ќе бидат уплатени на сметката отворена за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

ПредходнаМакедонија и Србија потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
Следна„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!