дома Македонија Црна хроника Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

  Во Скопје  по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршиле претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ.

При претресот, соопштија од МВР, пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

ПредходнаСигналите од Атлантикот укажуваат на екстремно жешко лето
СледнаМицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство темел на инвестициска соработка од шест милијарди евра